FacebookTwitterGoogleYoutubeLinkedin

Одговорноста на младите за денешната ситуација во државата

Сподели:

Submit to FacebookSubmit to TwitterSubmit to LinkedInSubmit to Google+Submit to Stumbleupon

Младите од западна Европа се борат за своите права, за решавање на со проблемот со недостатокот на работни места и со иднината на младите генерациии кои најмногу ги погоди рецесијата што ја зафати ЕУ и САД, во Македонија младите се борат само со проблемот каде да oдат на кафе.

Ниту мерките за самовработување, ниту можноста да се докажат на пазарот на трудот, да бидат иновативни, да се напреваруваат со проекти во областа која ја избрале за своја професија, не им се доволен стимул на маладите генерации во нашата држава, за жал тие сеуште се во сонот и никако да се разбуди од негот за работа според принципот од поранешната СФРЈ; „нишај врата земај плата“.

Приказните за успесите кои ги доживеале Стив Џобс, Бил Гејтс, кои буквално тргнале од работа во гаража/подрум, се само убави приказни за кое површно слушнале и истите не им се предизвик на младите Македонци да ги впрегат своите креативни сили за да се впуштат во своја мисија за да создадат некоја вредност за која ќе платат потрошувачите во земјата или пошироко. За мнозинството млади  е полесно од испешните прикаски да плетат теории на заговори притоа барајќи оправдувања за својата апатичност па и мрзеливост.
Жалосно е што тие не одделуваат ниту миг да разговараат за нив, да го откријат начинот на кој успеале, ниту пак да прочитаат некоја книга за развој на млади лидери. Главна тема на голем дел на младите за постигнување успех е политиката, и политичките партии, во која партија да се приклучат за да можат да дојдат до вработување во државната администрација односно јавниот сектор, бидејќи тоа е нивната формула за успех да земаат плата, а да не работат.

images 1


Главната преукупација и можност за успех голем дел од малдите гледаат во заминувањето во странство  каде што според нив се цени нивниот труд, што е точно, да во западните држави е повеќе платен трудот, но е идилична сликата како што овде ја преарскажуваат и сонуваат додека не заминат.
Тие таму се согласуваат да бидат и градинари и болничари, нешто што во Македонија им е под честта да го прават. Тие ниту таму не го покажуваат својот вистински интелектуален капацитет, не пробуваат да успеат да се истакнат, тие само молкум ги слушаат туѓите наредби борејќи се за секое евро.
Германија иако важи за земја која ги апсорбира кадрите од источна Европа бидејќи има потреба за стручна работна сила, но младите од Македонија не се во оваа категорија, предност имаат младите од државите од члените на ЕУ, токму тоа главната причина што голем број млади луѓе се одлучуваат да станат бугари и да добијат бугарски пасош.

Горчлив вкус на невработеноста

Европа последниот период е во процес на креирање на најразлични фондови и мерки, кои би им помогнале на младите и амбициозни личности да креираат сопствена иднина, да започнат свој бизнис и да живеат самостојно, без социјалната помош од државата и без помошта од семејството.

Несигурната иднина, поради неможноста да се вработат, на младите Европејци им ја скратува можноста да започнат свое семејство, да ги покажат квалитетите и знаењата кои ги имаат во одредена област. Токму затоа тие не дозволуваат овој проблем да биде игнориран, па со протести, пароли, здружување на друштвените мрежи, преку основање фондови на солидарност, сé погласно говорат за својот проблем и за можните решенија на истиот.

Конкурентноста на пазарот на трудот во овие мигови на недостаток на работни места, е клучна за обезбедување на сигурна иднина. Младите во Грција, Шпанија, Италија се првите кои ја почувствуваат потребата од оваа конкурентност на пазарот на трудот, иновативноста и упорноста, за победување на сите плуралистички сопки во креирањето на својата иднина.

Но, Младите во Македонија  немаат предизвици за иновативност, ниту за иницијатива. Тие сакаат да пијат кафе со своите пријатели и да разговараат како овој или оној успеал со врски или пари да се вработи. Тие своите кафе – средби не ги користат за развивање на заеднички идеи за напредок, туку само за споредување на црнината на животот со онаа на кафето, за горчливиот вкус на невработеноста и сиромаштијата со оној на кафето, без притоа да се организираат да преземат било каква активност, да ги дефинираат пречките кои им стојат на патот на успехот, и да ги впрегнат силите заедно да се изборат за своите права.

Дипломата не е целта, туку таа е алатка за реализација на целта

Амбициозноста и иновативноста на младите се клучните фактори во  искористувањето на европските фондови за самовработување, за правење проекти и во подобрување на флексибилноста на пазарот на трудот. Само тие можат да го победат долгиот период на невработеност кој и’ се предвидува на оваа рецесиска генерација во однос на борбата за своите права. Токму сиромаштијата низ која минуваат овие млади ја прави несигурна нивната иднина. Но, решението сепак е во нивните раце, колку тоа да звучи идеалистички.

За жал нашиот образовен систем е на ниво што не продуцира специјализирани знаења, аналитички вештини и апстрактно мислење, не дава искуство кое е  потребно на пазарот на трудот, токму затоа таквото образование не продуцира или минимално, кадри кои се амбициоцни, да горат од желба за напредок, да имаат натпреварувачки дух, кои се клучни за успех во денешно време на брз технолошки развој.
Најпоразително е што во образовниот процес кај нас не се учи критичко мислење, кое е единствениот начин со кој младите ќе престанат да бидат „робови“ на лошата економска состојба, на малиот број работни места.

degrees


 Во Македонија секој ден се зголемува бројот на високобразовани млади кои се невработени, но никако да се зголеми бројот на млади кои покажале, без оглед на сé, што научиле во процесот на образование. Дипломата не е целта, туку таа е алатка за реализација на целта.

Можеби точни се оние анализи од економистите дека колку младиот човек е пообразован толку помали му се шансите да се вработи, но зарем не треба да биде спротивното? Зарем низ деновите минати во студентските клупи, за време на магистерските и докторските студии не се разбила потребата за докажување, амбицијата? Токму тие се оние кои треба да бидат предводници во процесот на креирање на сопствената иднина, макар и таа да започнува со голем труд, а без ниту еден хонорар. Но, факт е дека несигурноста која со себе ја носи самовработувањето е преголем товар и ризик за младите.

Наместо да се едуцираат, охрабруваат, променуваат во склад со потребите на пазарот, но и со промените со социјалното општество во нашата земја, младите го избираат полесниот пат, а тоа е заминување на странство. Времето на печалбата на голема врата се враќа. Во минатото луѓето како аргати заработувале за своето семејство, а сега интелектуалците станаа аргати.

„Брат кога ќе се видиме на кафе“?

Универзитетските професори кои со жални лица ги гледаат безнадежните студенти кои бараат место плус во бифето, кое е нем сведок на нивната безнадежност, но и нем гледач на нивниот недостаток на мотивација, на желба за успех и докажување, не знаат како да реагираат. Тие немаат чест да ги слушнат нивните дебати за иднината или пак да ги прочитат нивните ставови на интернет порталите, туку само величествената реченица „Кога ќе се видиме на кафе?“

NEET-1


Можеби единствениот споменик кој и’ недостига на оваа државата е филџан со кафе, бидејќи тој ја преставува сегашноста и црната иднина на младите, кои своите денови ги исполнуваат само со одење на кафе и сонување на едно не толку горчливо утре. Можеби треба да се организира и „кафе – протест“ на кој можноста за добивање на бесплатно кафе, на дружење со врсниците ќе ги инспирира младите конечно да се разбудат, да започнат да делуваат, а горчината на кафето може ќе биде онаа која е пресудна за доловување на горливата иднина која ја очекува оваа нивна неактивност.

Со млади генерации кои не се борат за успех, немаат натпреварувачки дух, немаат идеи за кои ќе се борат, се состојби кои овозможуваат да се зголемува неодговорноста на Владата, да расте корупцијата, партизацијата на општеството, наместо да се развиваме во држава со функционална демократија, правна држава конкурентска пазарна економија, тогаш државата ќе ни тоне во автократија, слаба и корумпирана економија, ќе тонеме во незнаење во кавзи патритизам кој ќе не удави во некоо фиктивно далечно минато, кое ќе ни ја одземе сегашноста и иднината.

 

Автор: Наташа Димеска

wa banrce patuvaj vo evropa baner vo tekst

Сподели:

Submit to FacebookSubmit to TwitterSubmit to LinkedInSubmit to Google BookmarksSubmit to Stumbleupon

Прочитајте 677 K2_TIMES
Објавено во Анализи

Оставете коментар

Партнери

Наши проекти

  • Време е децата да кажат НЕ
    Проектот се реализира во периодот од 20 август до 21 декември 2012 година во Дневниот центар за деца со посебни потреби во селото Долни Манастирец, општина Македонски Брод. 
    Read more...
  • Изборите кои го менуваат светот-изборна кампања во САД 2012
    Онлајн магазинот „Револуција“ ги следеше секојдевно изборите во САД за избор на претседател и притоа најинтересните моменти од нивното одвивање ги објавуваше на порталот секојдневно.
    Read more...
  • Биди гласен-имај став
    Имате критичко размислување кон состојбите во општеството? Поседувате талент за анлитичко размислување и пишување?
    Read more...
  • Практика
    Пракса за преведувачи од англиски или германски јазик на македонски јазик на дневни содржини на порталот „Револуција“
    Read more...
  • Автори на карикатури и стрип
    Имате критичко размислување кон состојбите во општеството? Поседувате талент за цртање? Не сте се промовирале доволно во јавноста?
    Read more...

Промоции