FacebookTwitterGoogleYoutubeLinkedin

Природата почнува повторно да царува во Европа?!

 

Сподели:

Submit to FacebookSubmit to TwitterSubmit to LinkedInSubmit to Google+Submit to Stumbleupon

Група конзерватори неодамна гласно проговорија за својот план да претворат делови од Европа во пустина, која ќе ја пополнат со диви животни повторно ќе заживее дивината во Европа.

Биолошкиот резерват ќе се протега на територија од  1235 хектари, а ќе се наоѓа во западниот дел на Шпанија, во делот на границата со Португалија. Со отворањето на ваков природен европски парк, ќе се добие можност повторно да се вратат некои изумрени видови на континентот, но и да се зголеми бројот на загрозените, но и да се оживее некогашната европска пустина.

Во овој резерват по првичните планови треба да се развие цел спектар на цицачи, инсекти, мршојадци, жаби, змии кои некогаш биле истерани од своето живеалиште со ширење на урбанизираните делови.

Животните сами да одлучуваат

Во миговите  кога голем дел од руралните предели на земјата се практично раселени, а површината е празна, креирањето на ваков резорт е најдоброто решение, со кои ќе им се даде на животните личен простор во кој сами ќе ја одредат својата хиерархија, своето живеалиште.

Се предвидува дека низ цела Европа во иднина ќе бидат напуштени повеќе 120.000 квадратни километри, простор кој би било најмудро да им се отстапи на животите, бидејќи некогаш бил одземен токму од нив. На тој начин животните ќе добијат поголема слобода, но и можност да уживаат во разновидната вегетација,во бескрајните степи и тундри кои ќе им бидат на располагање.

На овој начин луѓето ќе може од блиску да се запознаат со нив, да ги научат нивните навики, нивниот начин на живот и нема повеќе да мора да патуваат до Сенегал за вакво сафари пустинско искуство.

Поради ова иднината е светла за ваквиот еко – туризам, во кој државите, но и локалните земјоделци ќе имаат голема полза.

Автор на текстот е Манфред Дворчак

Извор: Spiegel



wa banrce patuvaj vo evropa baner vo tekst

Сподели:

Submit to FacebookSubmit to TwitterSubmit to LinkedInSubmit to Google BookmarksSubmit to Stumbleupon

Објавено во МК во ЕУ

Оставете коментар

Партнери

Наши проекти

  • Време е децата да кажат НЕ
    Проектот се реализира во периодот од 20 август до 21 декември 2012 година во Дневниот центар за деца со посебни потреби во селото Долни Манастирец, општина Македонски Брод. 
    Read more...
  • Изборите кои го менуваат светот-изборна кампања во САД 2012
    Онлајн магазинот „Револуција“ ги следеше секојдевно изборите во САД за избор на претседател и притоа најинтересните моменти од нивното одвивање ги објавуваше на порталот секојдневно.
    Read more...
  • Биди гласен-имај став
    Имате критичко размислување кон состојбите во општеството? Поседувате талент за анлитичко размислување и пишување?
    Read more...
  • Практика
    Пракса за преведувачи од англиски или германски јазик на македонски јазик на дневни содржини на порталот „Револуција“
    Read more...
  • Автори на карикатури и стрип
    Имате критичко размислување кон состојбите во општеството? Поседувате талент за цртање? Не сте се промовирале доволно во јавноста?
    Read more...

Промоции